Дома Фудбал Пјаниќ во 2009: Ќе работам напорно за еден ден да играм во Реал

Пјаниќ во 2009: Ќе работам напорно за еден ден да играм во Реал

Maдритските медиуми „Марка“ и „АС“ не го штедат Пјаниќ откако беше потврден неговиот четиригодишен договор со Барселона.

Логично е медиумите со седиште во Мадрид повеќе внимание да посветуваат на Реал и подобро да се однесуваат кон „кралевите“ отколку кон Барселона.

Сега медиумите во Мадрид потсетуваат на изјави на Пјаниќ од минатото и потенцираат дека тој секогаш ги фаворизирал Реал Мадрид и Зинедин Зидан.

„Сакам еден ден да играм за Реал Мадрид и ако се биде како што треба зошто да не“, гласи една од изјавите.

„Реал ми е омилен клуб уште од кога Зидан беше играч. Во тоа време ми беше омилен и секогаш ќе ми биде. Ќе работам напорно за да играм таму“, изјави Пјаниќ во 2009 година.

Најголемиот идол на Пјаниќ сега му станува најголем ривал, а треба да се потсети и дека Пјаниќ како играч на Лион го исфрли Реал од Лигата на шампионите. На овој детал не потсетија ниту „АС“, ниту „Марка“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола: Еднаш заедно вечеравме со Клоп, му се восхитувам

Пеп Гвардиола му се поклони на Јирген Клоп пред натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Си…