ПСЖ покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Според весникот претставници на ПСЖ веќе имале средба со агентот на Кулибали и започнале преговори за трансфер на дефанзивецот на „Паркот на принцовите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи прави се за да го задржи, но 30-годишниот Кулибали смета дека сега е вистинско време да направи чекор напред во кариерата и сака да ја промени средината.
Интерес за него покажува и Манчестер Јунајтед, но ПСЖ е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе спрема понуда од 40 милиони евра.
ПСЖ веќе го ангажираше Серхио Рамос, но сака да донесе уште еден врвен дефанзивец и верува дека Кулибали ќе биде идеален тандем со Шпанецот.
Mercato – PSG : Kalidou Koulibaly, c’est du sérieux pour Leonardo !
— wiwsport.com 🇸🇳 (@wiwsport) July 24, 2021
► plus d'infos sur https://t.co/1LjUQW12T5 pic.twitter.com/hQGKyLx5cq