Наполи и ПСЖ не успеаа да се договорат околу трансферот на Кејлор Навас, но италијнскиот клуб повторно ќе се обиде да го доведе во јануари.
35-годишниот Навас сакаше да ја промени средината откако менаџерот Кристоф Галтие потврди дека Џанлуиџи Донарума ќе биде прв голман.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наполи покажа голем интерес да го доведе, но бидејќи преодниот рок во Италија заврши во осум часот веќе е јасно дек договор не се постигна.
Наполитанците така останаа со две опции на голот, Алекс Мерет и Салваторе Сиригу. Одредени медиуми во Италија пренесуваа дека Наполи повторно ќе има силен обид да го доведе Навас во јнуари.
За ПСЖ Навас брани од 2019 година кога пристигна од Реал Мадрид.