Екипата на Беласица која се натпреварува во втората македонска лига се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб Шефки Арифовски.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нов стратег на Беласица ќе биде Благој Гуцев.
Заминувањето на Арифовски доаѓа откако Беласица во минатото коло ја победи Беса со 1:0.




„По вчерашниот спогодбен раскин на соработката помеѓу ФК Беласица и Арифовски Шефки, за нов шеф на стручниот штаб е поставен доскорешниот помошен тренер и поранешниот фудбалер кој е дете на школата на ФК Беласица, Гуцев Благој.




Благодарност до Арифовски за соработката, а на Гуцев му посакуваме среќна и успешна сезона!“, објавија од клубот.