Селекторот до 21 година Драган Канатларовски нема да смета на еден од планираните младински репрезентативци на стартот од септемвриските квалификации.
Адриан Хајдари, дефанзивецот на Рапид Виена добил позитивен тест на Ковид-19 и ќе мора да оди во изолација.
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Во овие моменти не е познато дали тој ќе може да и помогне на Македонија во претсојните два натпревари. Македонија прво игра со Франција на 2. Септември, па со Србија на 7. септември.
Ќе потсетиме, во „А“ селекцијата поради позитивен на коронавирус под знак прашалник е Бобан Николов.