Дома Македонски спорт Примислав Димовски реизбран за претседател на БФМ

Примислав Димовски реизбран за претседател на БФМ

Денска се одржа изборно Собрание на Боксерската федерација на Македонија на кое досегашниот претседател, Примислав Димовски доби едногласна доверба од делегатите да ја предводи федерацијата во следните четири години.

На Собранието кое се одржа денесека во просториите на салата за состаноци на Град Скопје присуствуваа 28 делегати, сите едногласно одлучија Примислав Димовски да биде прв човек на Боксерската федерација на Македонија.

„Се заблагодарувам на довербата, сакам да потенцирам дека ова ќе биде втор и последен мандат согласно законот. Ќе се вложам максимално боксот во Македонија да се развива, ќе барам да се работи според правилата, сите клубови да имаат услови за подобра работа, да имаме стабилност како и досега, репрезентацијата да ги ужива сите услови за добра работа, да нема неизвесност” – изјави Димовски по реизборот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Едногласно е избран и новиот Управен одбор, нови челнови се Фатон Асани, Душко Сачкарски, Самет Саливески и Петре Неделковски., во составот на УП се уште и Горан Трајановски, Ден Дончев, Блажо Донев и Фатон Салиху кој воедно е реизбран за потпретседатен на федерацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лина Ѓорческа со пресврт до четвртфинале

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирот …