На натпреварот помеѓу Мајнц и Фрајбург во Бундеслигата, се случи досега незабележана ситуација во светот на фудбалот, а „виновник“ за тоа беше ВАР технологијата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
При последниот наппад на Мајнц во првото полувреме дефанзивецот на Фрајбург Кемпф играше со рака во својот казнен простор. Сепак, тоа судијата не го забележа и означи крај на првото полувреме.
Фудбалерите на Фрајбург веќе беа во соблекувалната кога судијата Винкман покажа дека ќе се прегледа снимка од ситуацијата пред голот на гостите.
По прегледувањето на снимката одлучено беше дека е пенал за Мајнц, па арбитрите ги повикаа сите играчи да се вратат од соблекувалната со цел да се изведе најстрогата казна.
Откако фудбалерите се вратија од соблекувалната, пеналот беше изведен, а Де Бласис погоди за 1:0.