Дома Фудбал Англија Пресврт: Јунајтед најде начин како да го задржи Ибра!

Пресврт: Јунајтед најде начин како да го задржи Ибра!

Златан Ибрахимовиќ не ја заврши дефинитивно авантурата во Манчестер Јунајтед и покрај фактот што клубот не му понуди нов договор и го стави на листата на слободни агенти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, денес „Манчестер Ивнинг Њуз“ пренесува дека 35-годишниот голгетер ќе ја продолжи рехабилитацијата во клупската база на „црвените ѓаволи“.

Во моментов предвидувањата се дека Ибра ќе биде надвор од терените до Нова година, но доколку успее да се опорави порано, од „Олд Трафорд“ не ја исклучуваат можноста да му понудат краткорочен договор до крајот на сезоната.

Другата варијанта за која многу се зборува во медиумите во последно време е Швеѓанецот кариерата да ја продолжи во САД, во тимот на Лос Анџелес Галакси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поради овој потег на Мбапе, англиските медиуми го нарекуваат – „диктатор“

Францускиот капитен Килијан Мбапе повторно го оправда својот прекар Диктатор откако му нар…