Дома Фудбал Англија Пресврт не може да има: Познато кога Аморим ќе го преземе Манчестер јунајтед

Пресврт не може да има: Познато кога Аморим ќе го преземе Манчестер јунајтед

Иако беше објавено дека Манчестер Јунајтед нема да брза со ангажманот на Рубен Аморим и по победата на Ван Нистерлој ќе дозволи Холанѓанецот да го води тимот во следните три натпревари, до пресврт нема да дојде.

Во Манчестер Јунајтед се одлучни во намерата Аморим да седне на клупата и тоа според информациите на Фабрицио Романо е само прашање на време.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Аморим може да се смета за нов тренер на Манчестер Јунајтед“, објави италијанскиот инсајдер.
За да го доведе на својата клупа, Јунајтед на Спортинг за Аморим би платил сума од десет милиони евра. Договорот кој ќе го потпише ќе има важност до 2027 година.

Очекувањата се тој да пристигне со почетокот на репрезентативната пауза, a неговиот прв натпревар би требало да биде дуелот со Ипсвич на 24 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…