Дома Топ вести Премиерлигашите ја започнаа битката за Дембеле

Премиерлигашите ја започнаа битката за Дембеле

Фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле би можел да си замине од „Камп Ноу“ доколку за него пристигне добра понуда, пренесуваат шпанските медиуми.

Трпението на луѓето во Барселона истече, Дембеле влезе во серија повреди, а неговиот неспортски живот веќе е добро познат и на јавноста. Поради тоа менаџерот Муса Сисоко кој го застапува младиот фудбалер веќе започнал да преговара со заинтересираните страни. 

За Дембеле се интересираат Челзи, Арсенал и Манчестер Сити кои би можеле да го ангажираат за многу помалку пари од тоа што го донесе Барселона од Борусија Дортмунд.

Каталонците за Дембеле потрошија 140 милиони евра и се надеваат дека ќе вратат поголем дел од вложената сума. Шпанските медиуми тврдат дека трансферот би можел да изнесува околу 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бранислав Ивановиќ пред враќање во Премиер лигата!

Легендарниот фудбалер на Челси, по авантурата во Русија, би можел да се врати во Англија, …