Дома Останати Кошарка Пред точно 30 години Дражен Петровиќ го одигра последниот натпревар

Пред точно 30 години Дражен Петровиќ го одигра последниот натпревар

Хрватската кошаркарска репрезентација на денешен ден пред точно 30 години го одигра натпреварот во полска Вроклава во кој изгуби од Словенија со 94:90. Беше тоа само еден обичен, резултатски неважен натпревар бидејќи квалификациите за Евробаскетот 1993 година завршија и Хрватска имаше обезбедено пласман.

Но, еден ден подоцна се покажа дека тоа всушност беше последениот натпревар на легендарниот Дражен Петровиќ.

Хрватските репрезентативци ја поминаа ноќта во Полска, а утрото се упатија за Франкфурт од каде што со авион се враќаа за Хрватска. За жал помеѓу патниците во авионот не беше Дражен кој одлучил да патува со автомобил со неговата девојка Клара и уште една сопатничка.

На автопатот Дражен се заби во камион и никогаш повеќе не се разбуди, Клара која управувала со автомобилот преживеа, како и нејзината пријателка. Според нејзините зборови во моментот на несреќата Дражен спиел на совозачкото седиште.

На тој натпревар Дражен постигна 30 поени и ја помина границата од 1000 поени во дресот на хрватската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…