Шпанските медиуми пренесуваат дека Леванте преговара со грчки Олимпијакос за трансфер на Енис Барди.
„Деспорте Копе Валенсија“ тврди дека преговорите меѓу двете страни се започнати и Олимпијакос би можел да го добие Барди за сума од три милиони евра. Барди е пред заминувае од Леванте откако пред пет години дојде во овој клуб од Ујпешт за 1.5 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веднаш по испаѓањето на Леванте во втората шпанска лига Барди доби понуди од ОАЕ и МЛС меѓутоа македонскиот репрезентативец има желба да остане во Европа.
Ќе потсетиме, пред само неколку дена Олимпијакос доживеа тежок пораз на домашен терен во квалификациите за ЛШ од Макаби Хаифа со 0:4.