Дома Фудбал Италија Преговорите во завршна фаза: Легендарниот Италијанец станува претседател на Сампдорија?

Преговорите во завршна фаза: Легендарниот Италијанец станува претседател на Сампдорија?

0

Преговорите според информациите од Италија се во завршна фаза.

Американскиот Јорк Капитал Менаџмент е многу блиску до превземање на тимот кој оваа сезона е едно од најпријатните изненадувања во Серија А, Сампдорија.

Според пишувањето на „Газета дело Спорт“ Американците се спремни да вложат 120 милиони евра, а улогата на претседател на клубот би можел да ја добие пораншниот играч на Сампдорија, Џанлука Вијали.

Италијанецот во овој момент ја извршува функцијата директор на британската компанија „Санрајз Спорт“ и соработува со Американците кои се заинтересирани да го купат италијанскиот клуб.

Вијали дресот на Сампдорија го носеше цели осум години и тука го оформи тандемот со Роберто Манчини, моменталниот селектор на „Аѕурите“. Потоа направи трансфер во Јувентус со кој во 1996 година со капитенската лента на раката го освои Купот на шампионите, во финалето го победија Ајакс.

Легендарниот Вијали се проба и во тренерските води, предводеше клубови како Челзи и Вотфорд, но немаше некој поголем успех.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сакаше ли Нејмар да испрати некаква порака со цитатот од Боб Марли? (ФОТО)

Фудбалскиот свет го чека расплетот околу Нејмар и оваа сапуница сигурно ќе биде актуелна д…