Дома Фудбал Англија Преговараше да го купи Челзи, а сега може да стане нов сопственик на Манчестер Јунајтед

Преговараше да го купи Челзи, а сега може да стане нов сопственик на Манчестер Јунајтед

Не е тајна дека семејството Глејзер сака да го продаде Манчестер Јунајтед, рокот за официјални понуди е средината на јануари, додека заинтересирани се купувачи од Блискиот Исток, Азија и САД.

Глејзерси го купија клубот во 2005 година за 790.000.000 фунти, а сега очекуваат понуда од дури 8.000.000.000 фунти, речиси двојно повеќе од цената што Тод Боели ја плати за Челзи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како можен нов сопственик на Јунајтед се споменуваше сер Џим Ретклиф, кого навивачите најмногу би сакале да го видат на чело на клубот. Минатата година тој најави дека ќе се откаже од купувањето, но се чини дека најбогатиот човек во Велика Британија го сменил мислењето.

Ретклиф се стекна со богатство вредно 20.000.000.000 фунти благодарение на мултинационалната хемиска компанија „Инеос“. Интересно е што се работи за човек кој преговараше да го преземе клубот од Роман Абрамович. Неговата понуда од 4.200.000 фунти беше одбиена.

И покрај ова, 70-годишниот Ретклиф никогаш не криел дека е навивач на Јунајтед, истакнати навивачи и претходно го повикуваа да го преземе клубот затоа што не беа задоволни од работењето на Глејзерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…