Дома Македонски спорт Прва Македонска Еспорт Лига во CS:GO

Прва Македонска Еспорт Лига во CS:GO

Македонската Еспорт Федерација ја организира по седми пат Прва Македонска Еспорт Лига во CS:GO.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Регуларниот дел на лигата се состои од седум кола. Официјално, лигата започнува на 09-ти април 2022 година и тимот кој ќе победи ќе ја претставува земјата на претстојното Европско и Светско првенство.

Четири тимови од отворените квалификации и четири повикани тимови ќе бидат распоредени во една група. Македонската Еспорт Федерација, оваа недела, ќе ги објави комплетните состави на тимовите кои ќе се натпреваруваат. Од нив, најдобрите четири ќе учествуваат на завршниот дел од лигата, односно плејоф-от кој ќе биде одигран ЛАН во Јуни 2022.

Годинава на отворените квалификации во CS:GO се натпреваруваа повеќе од 160 играчи.

Пренос со коментар на натпреварите ќе се врши на каналот на Македонската Еспорт Федерација на Твич (https://twitch.tv/mesf_tv).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …