Дома Трансфер зона По дебаклот против Удинезе Рома може да се засили со српски стопер

По дебаклот против Удинезе Рома може да се засили со српски стопер

Српскиот стопер Никола Максимовиќ се наоѓа на „радарот“ на Рома, пренесува утрово „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рома вчера доживеа вистински дебакл од Удинезе и беше поразена со 4:0. Рик Карсдроп изгледаше катастрофално, но и остатокот од одбраната не беше ништо подобар. Поради тоа Жозе Мурињо сака да доведе засилување во последната линија.

Преодниот рок е завршен, па „специјалниот“ може да бара само фудбалери кои немаат клуба. Од нив на врвот на листата желби наводно е Максимовиќ кој е слободен агент. Овој фудбалер се доведуваше во врска и со Црвена Звезда, меѓутоа од тоа не испадна ништо.

Покрај Максимовиќ Рома го следи и Џејсон Денајер на кого му заврши договорот со француски Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…