Во ноќта зад нас, почина познатиот германски фудбалер и легенда на Милан Карл-Хајнц Шнелингер, човекот кој ги освои сите трофеи кои можеа да се освојат со „росонерите“.
Шнелингер (85) почина синоќа во болница во Милано, каде што живееше со децении бидејќи токму таму направи фантастична кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот дефанзивец и репрезентативец на Германија играше на четири Светски првенства, а постигна гол во таканаречениот „натпревар на векот“ против Италија на СП 1970 година.
На клупски план освои се што требаше да се освои, а во 1962 година беше прогласен за најдобар играч во Германија. Најголем белег остави во Милан со кој беше европски шампион во 1969 година.
Oggi il mio Buongiorno e triste nel ricordo del Grande K.H. Schnellinger
— ADRI1968 ❤️🖤 ⚖️ (@ADRIANO131068) May 21, 2024
Riposa in pace 🙏❤️🖤#21Maggio2024 pic.twitter.com/KGsAEbRZO3
Шнелингер играше во Милан девет години и за тоа време стана шампион на Европа, ја освои Серија А, три трофеи во Купот на Италија, два трофеи во Купот на победниците на куповите и Интерконтиненталниот куп.
Со Келн беше германски шампион, а со Рома го освои Купот на Италија. Со репрезентацијата на Западна Германија играше во финалето на Светското првенство во 1966 година, а во изборот за Златната топка беше трет на листата во 1962 година, зад легендарниот Чех Јозеф Масопуст и Португалецот Еузебио.
Освен за Келн, Рома и Милан, Шнелингер играше и за Мантова, матичниот клуб Дурен 99 и Тенис Борусија од Берлин. За Западна Германија забележа 47 настапи.