Голем потрес на три кола пред крајот на првенството доживеа македонскиот второлигаш Тетекс.
Тетекс кој се натпреварува во втората лига на Западот остана без претседателот на управниот одбор Војо Тофиловски, а потоа и Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски од стручниот штаб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веста од Тетекс ја потврдија преку социјалните мрежи:
„ФК Тетекс ја информира јавноста дека Војо Тофиловски поднесе оставка од местото претседател на Управниот одбор, како и тренерскиот тандем Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски.
Во најбрз рок ќе биде оддржан состанок на УО на клубот.
За следните чекори, благовремено ќе бидете известени!
– Дополнително ве известуваме дека денеска му беше извршена хирушка интервенција на Тупан, се помина во најдобар ред, му посакуваме брзо опоравување!!!
Со почит“, објавија од Тетекс.