Дома Фудбал Лига на шампиони Постигнат е договор: Се чека потврдата за новиот формат на Лигата на шампионите

Постигнат е договор: Се чека потврдата за новиот формат на Лигата на шампионите

Многу безо се очекува да биде потврден новиот формат кој ќе донесе промени во Лигата на шампионите.

Она што е најважно е што ќе се зголеми бројот на учесници и така повеќе екипи ќе се надеваат дека ќе бидат дел од фудбалската елита. Победникот во овој нов формат ќе одигра 17 натпревари.

УЕФА со овој формат сака да им даде шанса на „помалите“ клубови да се надигруваат со најдобрите. Сите клубови во првата фаза би одиграле 10 натпревари, а останатите ќе бидат во нокаут рундите.

Ќе има табела од 1 до 36 и тука екипите ќе котираат во зависност од успехот во домашните првенства.

Најдобрите осум кои ќе соберат најмногу поени ќе одат во осминафиналето, а екипите од 9 до 16 место ќе играат двомеч со оние од 17 до 24. Така ќе се формираат осминафиналните парови.

Нормално не е можно сите да играат два пати, па затоа најдобрите ќе играат со два тима од нивното ниво, три од нивото подоле, со уште три од претпоследниот ранг и два од групата на екипи со најнизок ранг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јувентус започна преговори со Гатузо

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанс…