Дома Фудбал Реал се насочува кон Субименди по неуспехот со Родри

Реал се насочува кон Субименди по неуспехот со Родри

Жозе Моуриньо продолжува да инсистира Реал Мадрид да донесе нов дефанзивен играч за врска пред затворањето на летниот трансфер пазар. Кралскиот клуб долго време беше поврзуван со Родри, но на крајот овој трансфер не се реализираше и сега ѕвездата на Манчестер Сити е пред премин во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, претседателот на “белите” Флорентино Перес се насочил кон нова цел за споменатата позиција. Според “Миррор”, тоа е играчот за врска на Арсенал Мартин Субименди.

Реал имаше интерес за него уште минатото лето, но тогаш Шпанецот претпочита да се пресели во Арсенал. Тој имаше важна улога минатата сезона, играјќи во сите 38 натпревари на лондончани во Премиер лигата. Откако “топчиите” го ангажираа Бруно Гимараеш за 75 милиони фунти, од “Сантијаго Бернабеу” процениле дека ќе има поголема шанса да го доведат Субименди и го обновиле интересот.

Субименди има договор со Арсенал до 2030 година и Микел Артета засега нема намери да се раздели со него, но во случај на соодветна понуда, англискиот шампион би можел да размисли за продажба, се смета во Шпанија.

Се тврди дека Арсенал ќе бара 90 милиони евра за Баскиецот, кого го доведоа пред една година за околу 65 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио го напушти натпреварот, Милан ја најде формулата за отфрлениот играч

Иако пред година и половина беше платен на Фејенорд огромни 32 милиони евра, познатиот мек…