Дома Фудбал Останато После поразот од Хајдук Адеми и Ристовски останаа без тренер во Динамо

После поразот од Хајдук Адеми и Ристовски останаа без тренер во Динамо

Динамо Загреб каде што настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски остана без тренер откако клубот го отпуштиу Жељко Копиќ по поразот во првенствот од Хајдук.

44-годишниот стратег го остави тимот на лидерската позиција, но само со два бода повеќе од Осијек и четири од Хајдук.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Динамо известува дека Жељко Копиќ повеќе не е тренер на првиот тим. Го предводеше Динамо на 19 официјални натпревари и на пет пријателски натпревари. На официјалните натпревари во ХНЛ и Лига Европа запиша 13 победи, две реми и четири порази со гол разлика од 27:10. Посебно ги истакнуваме победите против Вест Хем и Севиља во Лига Европа“, соопштија од Динамо.

 До крајот на сезоната тимот ќе го предводи Анте Чачиќ, како привремен тренер. Чачиќ го предводеше тимот на Динамо од 2011 до 2012 година, а тогаш ги освои титулите во хрватската лига и Купот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигна 201 гол во Серија А – сега на 36 години потпишува за нов клуб

Еден од најдобрите италијански стрелци во последните 15 години, Чиро Имобиле (35), ја прек…