Одлични вести пристигнуваат од Островот. Десет клуба добија дозвола на стадионите да имаат публика до максимум 2 000 лица.
Навивачите во Премиер лигата, по речиси десетмесечна пауза, викендов конечно ќе се вратат на фудбалските стадиони, во намален број и со стриктно почитување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Согласно рестриктивниот протокол, навивачите ќе мораат да носат заштитна маска на лицето, да одржуваат социјална оддалеченост на трибините и да се воздржат од гласно скандирање и пеење навивачки песни.
Првиот натпревар во Премиер лигата, кој за прв пат од март годинава ќе се игра со публика, ќе биде мечот во сабота меѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед.