Дома Останати Кошарка НБА Поранешен НБА кошаркар: Јокиќ е еден голем лажго!

Поранешен НБА кошаркар: Јокиќ е еден голем лажго!

Mинатата сезона екс-кошаркарот, Џеј Џеј Редик даваше поддршка за Никола Јокиќ, но сега го нарече српскиот кошаркар голем лажго и тоа во моментите кога тој беше прогласен за најдобар кошаркар за месец ноември во Западната конференција.

Српскиот кошаркар беше убедливо најдобар минатиот месеци, а и понатаму е прв кандидат за МВП титулата. Поранешниот ас на Орландо, Ла Клиперс, Филделфија и Њу Орлеанс изјави дека не паѓa на приказната дека Јокиќ не размислува на кошарка во текот на летото и  одмора цело лето.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


„Искрено не верувам во тоа. Не верувам во приказната како оди дома и не чепка кошарка, а потоа доаѓа и во првата недела има просек од 30 поени, 12 скока и девет асистенции“, изјави Редик.

Јокиќ седми пат во кариерата го доби признанието за најдобар во НБА лигата и тоа е нов рекорд за тимот од Колародо. Од почетокот на сезоната Јокиќ има просек од 29 поени, 13.2 скокови и 9.2 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

НБА легендата: Дончиќ во Лејкерс? Прво треба да му го одземете пивото…

Изминатиот период во американските медиуми можеа да се прочитаат шпекулации кои го поврзув…