Некогашната шпанска тенисерка, Габриње Мугуруза зборуваше за Рафаел Надал и како што вели нејзиниот сонародник е подготвен да оди во спортска пензија.
Мугуруза оваа година се повлече од тенисот, а смета дека време и Надал да донесе таква одлука. Причина за ваквото размислување кај Мугуруза се проблемите со повреди кои ги има шпанскиот ас.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
„На Надал му е време за пензија…неговото тело, ум, постојано одат во таа насока. Мислам дека е време да ужива со семејството. Во една прилика неодамна го прашав зошто уште е на терените и се мачи. Го видов како ужива со своето бебе. Нека се качи на брод и правец кон Мајорка“, порача Мугуруза.
Оваа изјава на поранешната тенисерка доаѓа откако Надал го откажа својот настап на Лајвер купот во Берлин. Токму на тој турнир се очекуваше Надал да го каже и своето „збогум“.