Новите засилувања на Рома, Сардар Азмун и Кристенсен нема да настапуваат за Рома во натпреварите од Лигата на Европа бидејќи клубот не ги регистрираше.
Поради Финансискиот-фер плеј со кој Рома има проблеми неколку години, „волчицата“ не беше во можност да ги регистрира споменатите двајца фудбалери. Според правилата на УЕФА, тимот мора да има трансфер баланс и екипата мора да вреди исто или помалку од таа од минатата сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако вредноста е поголема тогаш треба да се одземат нови засилувања, а не оние кои биле тука минатата сезона.
Токму затоа за да се направи место за Лукаку, Рома се одлучи да ги елиминира Азмун и Кристенсен. На списокот на Рома за да се пополнат бројките се Абрахам и Кумбула кои поради повреди сигурно нема да играат барем до декември.