Дома Македонски спорт Поповски не е Генерален секретар, но ќе остане во ФФМ, повика за поддршка на неговата наследничка

Поповски не е Генерален секретар, но ќе остане во ФФМ, повика за поддршка на неговата наследничка

Фудбалската федерација на Македонија вчера доби нов Генерален секретар, откако Наталиа Илиевска Божиновска го наследи Филип Поповски.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поповски зад себе има два мандати, а сега се обрати до медиумите и повика за поддршка кон неговата наследничка.

„Дозволете да ви се заблагодарам на соработката во изминатите два мандати како Генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

Заедно постигнавме многу успеси, но и лоши моменти кои се дел од фудбалскиот свет.

Драго ми е што како мој наследник доаѓа колешката Наталиа Илиевска Божиновска за нов Генерален секретар. Тоа е во согласност со нашите цели опишани во Стратегијата за развој на женски фудбал и обезбедување на поголема родова еднаквост во Федерацијата. Ве замолувам да ѝ ја пружите истата поддршка како што ми ја пруживте и мене. Верувам дека со ова сме пример, не само кај спортските организации во државата, туку и во регионот.

Јас и понатаму останувам во Фудбалската федерација на Македонија, работејќи на започнатите проекти согласно стратешките планови.

Ви благодарам.

Со почит,

Филип Поповски,

Фудбалска федерација на Македонија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Селекторот на Хрватска за Мундијалот не повика напаѓач кој даде 38 гола

Хрватскиот селектор Златко Далиќ денеска го објави списокот на повикани репрезентативци за…