Дома Топ вести Помирување помеѓу Нејмар и ПСЖ?

Помирување помеѓу Нејмар и ПСЖ?

0

„Војната“ која започна пред неколку месеци помеѓу Нејмар и ПСЖ е завршена, тврди францускиот „Л’Екип“.

Бразилецот влезе во конфликт со управата на клубот од Париз и го искажа своето нездоволство. Нејмар правеше напори клубот да му дозволи трансфер во Барселона.

Во текот на целото лето се пишуваше за интерес од Барселона и Реал Мадрид за Нејмар, а каталонскиот клуб испраќаше неколку понуди, но тие не беа доволни за управата на ПСЖ да го пушти Нејмар.

Уште повеќе да замине Нејмар се очекуваше кога не се најде во составот за натпреварот од Лига 1, меѓутоа сега Французите пишуваат дека дошло до помирување.

„Нема повеќе „војна“ помеѓу двете страни. Во последните неколку денови клубот и Нејмар одново се во нормални односи“, ги пренесува „Л’Eкип“ зборовите на нивниот анонимен извор.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонскиот херој е играч на денот на Европското првенство!

Вчера Македонија ја запиша првата историска победа на едно Европско првенство ракомет, а к…