Дома Фудбал Шокантно откритие: Меси по потекло не е Аргентинец и можел да заигра за најголемиот ривал!

Шокантно откритие: Меси по потекло не е Аргентинец и можел да заигра за најголемиот ривал!

Историчарот Фјоренцо Сантин со тригодишна истрага откри шокантни детали за потеклото на легендарниот фудбалер Лионел Меси (39).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите објавени од бразилскиот “Глобо”, еден од прадедовците на Меси по мајчина страна е роден во 1904 година во Рибеирон Прету, град во сојузната држава Сао Пауло, Бразил. Името му било Федерико Кучитини.

Федерико бил прадедо на Лионел и предок на неговата мајка Селија Марија Кучитини.

Семејството пристигнало во Бразил од Италија кон крајот на 19 век.

Прапрадедото на Меси, таткото на Федерико, Раниеро Кочетини е роден во италијанскиот град Сан Северино Марке. Со својата сопруга Роза дошол во Бразил во 1899 година, каде што почнал да работи како земјоделец во внатрешноста на државата Сао Пауло.

Во Бразил се родиле нивната ќерка Ерминија во 1900 година и синот Ардериго на 27 јануари 1904 година.

Подоцна, семејството се преселило во Аргентина, во градот Росарио, каде што е роден Лионел Меси.

Меси е Аргентинец по националност, роден во земјата, но по потекло има бразилско-италијански корени. Тоа значи дека имал можност да игра и за репрезентациите на Бразил и Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брутален инцидент: Бразилка шутираше противничка додека таа лежеше на теренот (Видео)

Голем инцидент го обележа општинското првенство во футсал за жени во градот Еусебио, Брази…