Дома Фудбал Мареска има голема желба, а Манчестер Сити веќе почна да ја исполнува!

Мареска има голема желба, а Манчестер Сити веќе почна да ја исполнува!

Манчестер Сити наскоро може да добие ново звучно засилување во офанзивниот дел од тимот, а на врвот на списокот на желби се наоѓа португалскиот репрезентативец Педро Нето.

Според информациите кои ги пренесува “Mail Sport”, Манчестер Сити го вклучи крилниот напаѓач меѓу главните кандидати за засилување на крила во пресрет на продолжувањето на трансфер периодот.

Голема улога во целата приказна има новиот главен тренер на Граѓаните Енцо Мареска, кој со Нето веќе успешно соработувал во текот на заедничкиот период во Челси.

Италијанскиот експерт одлично ги познава квалитетите на португалскиот фудбалер и смета дека совршено би се вклопил во неговата визија за игра на „Етихад“.

Поради тоа, токму Нето стана една од најголемите желби на новиот тренер на Манчестер Сити во овој трансфер период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…