
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ги започнаа летните подготовки за новата сезона со убедлива победа над норвешкиот Розенборг со резултат од 5:0.
предводени од Мајкл Керик од клупата, Црвените ѓаволи настапија со комбиниран состав, без главните ѕвезди како Бруно Фернандеш и Матхеус Куња, кои добија продолжен одмор по Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шансата за истакнување одлично ја искористи холандскиот напаѓач Џошуа Зиркзе, кој постигна фантастичен гол по впечатлив соло-продор во 56. минута.
Во таа ситуација, Зиркзе со вешт потег помина тројца противнички играчи и го совлада беспомошниот голман Сандберг за зголемување на водството на 2:0.
Мрежата на противниците прв ја затресе младиот Шеа Лејси по асистенција од новото засилување од Челсија, Андреја Сантос, додека до крајот на средбата во листата на стрелците се запишаа и Девани, Амас и Вилијамс.
Во стартната постава на англискиот гигант се најдоа познати имиња како Брајан Мбеумо, Мејсон Маунт, Лук Шо, Патрик Доргу, Хари Мегваер и Лењи Јоро.
Оваа убедлива победа ќе послужи како добра подготовка за многу посериозните предизвици што го очекуваат тимот од Олд Трафорд во престојниот подготвителен период.
До почетокот на новата сезона на Англиската Премиер лига и дуелот против Хул во првото коло, Манчестер Јунајтед ќе ги одмери силите против Атлетико Мадрид, ПСЖ, Лидс и Милан.
Какво прекрасно завршување од Зиркѕее 😇 pic.twitter.com/HsbMz0PgFE
— horpe (@class_uthman) July 24, 2026