
По успешното претставување со шпанската репрезентација на Светското првенство, Феран Торес и Маркос Љоренте избраа да се релаксираат на Ибица. Сепак, иако се далеку од фудбалските терени, тие не успеаа да избегаат од објективите на папараците.
Шпанските репрезентативци беа фотографирани како се забавуваат на луксузна јахта, капат и поминуваат пријатни моменти заедно, што предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Некои од фотографиите го покажуваат двојцата играчи како се гушкаат и разменуваат пријателски бакнежи, што беше доволно да интернетот се преплави со коментари, шеги и различни шпекулации за нивниот однос.
Сепак, засега нема потврда дека постои нешто повеќе од блиско пријателство. Познавачите на шпанскиот тим знаат дека Торес и Љоренте изградија многу блиска врска за време на Светското првенство, продолжувајќи ја и по турнирот со заедничкиот одмор на Ибица.
Присуството на Ибица повторно ги доведе под светлата на јавноста, потврдувајќи го нивното силно и пријателско дружење.
Да потсетиме, Торес беше еден од клучните играчи на Шпанија на Светското првенство, додека Љоренте исто така одигра значајна улога во екипата што го постигна убедливиот успех.
Токму по благодарение на голот на Торес, постигнат во 106-та минута, репрезентацијата на Шпанија ја освои титулата првак на светот, совладувајќи ја Аргентина и нејзиниот голман Емилиано Мартинез.
Феран Торес и Маркос Љоренте уживаат во Ибица
— Forocoches (@forocoches) July 24, 2026
Двајца национални херои, неодамна светски шампиони, атрактивни и милионери… Едниот го постигна победничкиот гол на Мундијалот, а другиот преубав со сини очи. Веројатно би предизвикале вистински хаос… pic.twitter.com/srSgZhkAUD
🚨🇪🇸 𝗡𝗘𝗪: Феран Торес и Љоренте на заеднички одмор! 🩵 pic.twitter.com/TfEAvHPnqv
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) July 24, 2026