Дома Фудбал Италија Полицијата има прислушкувани разговори: Суарез мора да положи!

Полицијата има прислушкувани разговори: Суарез мора да положи!

Италијанските медиуми утрово објавија дека Луис Суарез со измама го поминал тестот по италијански јазик и дека нема да го добие овој пасош.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради ова изби голем скандал во Италија, полицијата упадна во Универзитетот во Перуџа каде полагал Суарез и го поништи тестот.

На сето тоа му претходеле преслушувани разговори на полицијата на кои се слуша дека напаѓачот мора да положи бидејќи го чека договор од 10 милиони евра по сезона.

Имено, Суарез имаше договор за тригодишна соработка со Јувентус тешка 10 милиони евра по сезона и се чекаше само да земе италијански пасош, па да стави потпис на договорот.

„Мора да положи, не можеме да му упропастиме плата од 10 милиони евра по сезона бидејќи нема Б1 ниво на италијаски“, се слуша во разговор помеѓу две лица.

На друг разговор се слуша: „Кажи ми што оцени да му ставам, и ќе му ставам“. Следува одговор: „Стави 3 секаде, синоќа разговарав со ректорот и тој се сложи со ова“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ и Ливерпул имаат доверба дека ќе постигнат договор за Баркола

Убедувањата во Пари Сен Жермен и Ливерпул се дека двата клуба ќе постигнат спогодба за тра…