Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Силекс издржа во Тетово, Ренова се извлече против Беласица

ПМФЛ: Силекс издржа во Тетово, Ренова се извлече против Беласица

Денес се одиграа пет натпревари од првата македонска фудбалска лига.

Најголемо внимание привлекуваше средбата помеѓу Шкендија и Силекс.

Шкендија беше голем фаворит најмногу поради актуелната форма против Силекс. Силекс три натпревари во низа запишуваше порази, додека Шкендија игра во добра форма и е лидер. Меѓутоа гостите од Кратово денес се враќаат со бод од Тетово. Шкендија до водство стигна во првото полувреме, а покрај водството тие имаа и играа, создаваа шанси.

Сепак, не ги искористи, а Силекс тоа го казни во финишот од полувремето кога успеа да го изедначи.

Во воторото полувреме Силекс во 59. минута остана и без Кристијан Костовски кој заработи црвен картон. И тоа не беше доволно за Шкендија да го скрши отпорот.

Малку недостатуваше Беласица да ја изненади Ренова. Беласица водеше се до 94. минута кога Ренова изедначи. За Беласица ова е прв бод, во претходните седум натпревари имаа седум порази.

Во останатите натпревари Македонија Ѓ.П со 2:0 славеше против Струга Трим Лум, Шкупи со 3:0 го совлада Борец, додека Работнички и Академија Пандев одиграа 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Стравични слики од Емирати: Луиз и Хименез се судрија, Мексиканецот на носилки го напушти теренот

Во тек е натпреварот помеѓу Арсенал и Волвс. На почетокот од натпреварот беа видени ужасни…