Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Работнички сака прва победа во Велес, Борец продолжување на серијата

ПМФЛ: Работнички сака прва победа во Велес, Борец продолжување на серијата

Со натпреварот од 15:00 часот денес помеѓу Борец и Работнички ќе се отвори 7-коло во македонскатап рва лига.

Двете екипи во последните шест кола покажаа дека знаат да одиграат фудбал, пред се тука е Борец кој се наоѓа на третата позиција на табелата. Велешани собраа 11 бодови до овој момент. Таму каде што е Борец е благодарение на одличната форма во последните три кола. Во натпреварите со Шкендија, Академија Пандев и Силекс Борец освои дури седум бодови, треба да се спомене дека против Шкендија и Силекс играа на гости.

Од друга страна Работнички во минатите шест кола собра девет бодови. Работнички никогаш не го победил Борец во Велес и денес ќе „бркаат“ прв триумф.

Останатите натпревари во ПМФЛ од ова кола се закажани за утре исто така од 15:00 часот

Академија Пандев – Силекс

Пелистер – Шкендија

Ренова – Македонија Ѓ.П

Струга Трим Лум – Шкупи

Вардар – Беласица

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Бартомеу: Меси до 10. јуни требаше да изјави дека сака да замине

Претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу ги негираше тврдењата дека тој сакал да г…