Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Вардар поведе против Шкендија, па прими „шестка“

ПМФЛ: Вардар поведе против Шкендија, па прими „шестка“

Денес во македонската прва лига се играа натпревари од 24. коло.

Натпреварот кој најмногу привлекуваше внимание го играа Вардар и Шкендија. Поради ситуацијата во која е Вардар овој дуел не е дерби како пред неколку години.

Беше изненадување кога Вардар преку Мирчевски дојде до предност, меѓутоа Шкендија потоа ја превзема контролата и постигна шест гола за убедлива победа. Головите ги постигнаа Рамадани, Дориев, Елези, Хебај и два пати стрелаше Ибраими.

Во останатите натпревари Шкупи го победи Силекс со 1:3, Беласица и Работнички ремизираа 1:1, Академија Пандев дојде до минимален триумф против Струга Трим Лум, додека Македонија Ѓорче Петров против Ренова со гол во финишот триумфираше 1:2.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Корона мерките не дозволија Амстердам да го види македонскиот навивачки дух

Стефан Даскалов за Спортски од Амстердам Од пред два дена македонската репрезентација е во…