Дома Македонски спорт Мак ракомет Писонеро: Беше тешко, но верувавме во себе!

Писонеро: Беше тешко, но верувавме во себе!

0

Европскиот и македонски шампион Вардар ја запиша втората победа во ЛШ оваа сезона, прва пред своите гледачи, откако го порази Порто со 32:27.

Вардар губеше на полувремето и успеа да направи пресврт, а тренерот Писонеро истакна дека тоа е плод на големата самодоверба на ракометарите

„Честитки до Порто за играта, одигра добар меч, очекувавме такво нешто, тоа е еден добар тим, доста амбициозно дојде во Скопје. Немавме во првото полувреме решение за нивната брза игра, голманите не ни помогнаа, но во вториот дел одбраната беше на повисоко ниво, се адаптиравме брзо на нивната игра „7 на 6“.Во вториот дел од мечот успеавме да поправиме 2-3 ситници. Пред се тоа беше да веруваме повеќе во себе“, истакна Писонеро.

„Честитки за Порто, ни пружија силен отпор, ова беше тежок натпревар.  Секогаш е специјално кога се игра првиот натпревар од сезоната дома. Можеби малку и нервозно го почнавме мечот поради тоа, но потоа се консолидиравме и победивме. Знаеме да се носиме со притисокот во текот на мечот“, истакна Дибиров.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Што може овој Вардар?

Вардар во викендот кој измина беше декласиран од Кил во „Јане Сандански“ со 20:31. Посебно…