Дома Фудбал Италија Пирло: Роналдо нема да игра против Аталанта

Пирло: Роналдо нема да игра против Аталанта

Тимот на Јувентус утре игра на гости против Аталанта во рамките од 31. коло на италијанската Серија А.

На „старата дама“ сезонава не и оди баш најдобро и изгледа дека првпат после девет години Јувентус ќе остане без Скудето. Но, на Јувентус не му е сигурен и пласманот во Лигата на шампионите, а утре играат против Аталанта која е четврта и има само бод помалку.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Андреа Пирло е во нови проблеми затоа што на денешната прес-конференција откри дека поради повреда утре нема да игра Роналдо.

„Утре ќе играме без важен играч. Роналдо нема да игра против Аталанта поради проблеми со повреда. Не сакаме да ризикуваме посериозна повреда и тој нема да патува со нас во Бергамо“, истакна Пирло.

Не станува збор за посериозна повреда и Роналдо во тимот треба да се врати за неколку дена. Очекувањата се место Роналдо од првата минута утре да игра Дибала кој неодамна се опорави од повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…