Дома Фудбал Италија Пирло: Верувам дека можеме до Скудетото

Пирло: Верувам дека можеме до Скудетото

Tренерот на Јувентус Андреа Пирло го смета својот тим и понатаму за еден од конкурентите за Скудетото.

Јувентус во сабота киксираше против Верона (1:1) и изгледа како да го губи чекорот со Интер. Сепак, Пирло не се откажува. Пред Јувентус сега е натпреварот со Специја.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Специја игра добро сезонава и тоа нема да биде лесен натпревар. Постигнаа одлични резултати против големите клубови. Ќе продолжиме да се бориме, ние веруваме во освојување на Скудетото. Мораме да играме интезивно од самиот поќеток. Треба да ги поправиме нашите грешки од претходните натпревари“, изјави Пирло.

Киеза нема да го користи како втор напаѓач покрај Роналдо.

Киеза нема да игра како напаѓач. Во нашиот тим нема друг играч како него, тој е одличен на својата позиција и нема со него ништо да менуваме. Утре ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со Мората“.

Уште еднаш зборуваше за титулата.

„Веруваме во титулата, не би ви го кажал тоа ако не верувам“, јасно порача Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…