Дома Фудбал Италија Пиоли е нов тренер на Милан: Верувам дека ќе ги остварам целите на клубот!

Пиоли е нов тренер на Милан: Верувам дека ќе ги остварам целите на клубот!

0

Милан вчера му врачи отказ на тренерот Марко Џампаоло, а денес и официјално за негов наследник го постави Стефано Пиоли.

Пиоли потпиша двегодишен договор со „росонерите“ и попладнево официјално беше претставен пред медиумите на пресконференција.

„Прво сакам да кажам дека промената на тренерот е пораз за сите. Не сме среќни што направивме промена за толку кратко време, но сметавме дека е неопходно. Знаеме дека разочарувањето кај фановите е големо, тоа е нормално бидејќи Милан е голем клуб и се очекува секогаш најдобро“, изјави Бобан.

„Знам дека доаѓам во еден од најголемите клубови на светот. Доаѓам со голем ентузијазам и знам дека Милан има добар тим за да ги оствари целите оваа сезона. Јас знам дека фановите се разочарани, тие имаат право на тоа, но тоа ќе биде поголем стимул за мене“, изјави Пиоли.

Пиоли ја почна тренерската кариера во 1999 година, и до сега ги водеше  Киево, Палермо, Болоња, Лацио и Интер, а последното искуство му беше на клупата на Фиорентина,

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алексис Санчез два месеци надвор од теренот?

Крилниот фудбалер на Интер, Алексис Санчез го повреди зглобот на пријателскиот натпревар п…