Дома Фудбал Пиоли се врати во клубот кој го напушти во 2019 година

Пиоли се врати во клубот кој го напушти во 2019 година

Италијанскиот фудбалски стратег Стефано Пиоли официјално се враќа на чело на Фиорентина, објави клубот од Фиренца денеска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пиоли, кој веќе го водеше тимот во периодот од 2017 до 2019 година, потпиша нов тригодишен договор со Фиорентина.

Претседателот на клубот, Роко Комисо, изрази големо задоволство од назначувањето на Пиоли за нов тренер.

“Многу сум задоволен што Стефано Пиоли е новиот тренер на нашиот прв тим. Од првиот миг на нашите разговори, осознав дека е тренер со високи човечки вредности, подготвен да направи сè за овој клуб и овој град, кој го познава длабоко и има силна врска со него. Заедно со моето семејство и целиот тим на Фиорентина, му посакувам топло добредојде назад и многу успеси во клубот,” изјави Комисо, пренесе официјалната веб-страница на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанска легенда доживеа шок: Му забранија влез во САД, нема да може да го гледа финалето!

Жоан Капдевиља на социјалните мрежи објави емотивна порака и побара помош. Како ПАМЕТНО да…