Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике во интервју за шпанските медиуми зборуваше за приватниот живот, што баш не е чест случај за него.
Пике зборуваше за некои работи кои ретко и ги открива на јавноста, но секако дека не можеше да помине без нешто од фудбалскиот терен. Тој на почетокот откри дека му е голем мотив кога навивачите му свират на натпреварите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Ме мотивира кога луѓето се против мене, кога навивачите ми свират. Верувам дека тоа не секој играч му дава посебна сила, така е барем кај мене“, изјави Пике.
Дефанзивецот на Барселона откри дека е голем гурман, но и дека слаб на благо.
„Зависен сум од Нутела…Јадам по половина тегла дневно, но успешно ги согорувам тие калории на тренинзите и натпреварите“, изјави дефанзивецот на Каталонците.