Шпанецот, Жерер Пике подолг период е во фудбалска пензија, меѓутоа и понатаму е присутен во јавноста и следи што се случува.
Сега поранешниот фудбалер на Барселона беше готин во „Скај Спорт“ каде што зборуваше на различни прашања. Една од темите беше дали во иднина би се обидел да дојде до претседателската позиција на која во овој момент е Жоан Лапорта.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Навивам за Барселона уште од дете, секоја недела одев на стадион да ги гледам натпреварите. Ако сум од помош би ја прифатил било коај улога. Така чувствувам, но сега не е време да зборуваме за тоа. Фокусиран сум на други проекти.
Не можете да знете што носи иднината, работите може брзо да се променат. Да сте претседател на Барселона е голема одговорност. Во иднина би можел детално да анализирам“, изјави Пике.