Шпанецот Жерар Пике се повлече од фудбалот пред две години откако освои се што можеше да се освои и заработи над 200 милиони евра во кариерата која траеше од 2004 до 2022 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во разговор за шпанските медиуми Пике сега даде изјава со која и ги налути „обичните“ луѓе, тврдејќи дека на фудбалерите им е многу тешко.
„Луѓето мислат дека е лесно да си фудбалер, но размислете, треба да станете во 9-10 часот наутро, да се облечеете и да тренирате, но и да учите стратегија. Кога ќе бидете долго време во фудбалот тоа станува тешко и напорно“, изјави Пике кој во кариерата одигра 667 натпревари.
Дресот на шпанската репрезентација Пике го носеше на 102 натпревари и во нив постигна пет погодоци.