Дома Фудбал Останато Пике: Баравме од претседателот да ни ги промени договорите за да го вратиме Нејмар

Пике: Баравме од претседателот да ни ги промени договорите за да го вратиме Нејмар

Враќањето на Нејмар во Барселона беше главна тема на шпанските медиуми изминатото лето.

Секојдневно се пишуваше за враќањето на најскапиот фудбалер во светот на светот на „Ноу Камп“, но на крајот тој сепак остана во ПСЖ.

Не е тајна дека играчите сакаа Нејмар да се врати. Жерар Пике сега за „Кадена Сер“ откри дека фудбалерите на каталонскиот клуб тогаш биле спремни да играат и за помала плата за да се врати Нејмар.

„Не успеавме да собереме пари. Го прашавме претседателот дали постои можност да ги промениме договорите поради финансискиот фер плеј. Бевме спремни она што ќе го заработиме за една година, да го поделиме на две, три или четири години“.

„Се обидовме на сите начини да помогнеме клубот да го избегне финансискиот фер плеј. Не ни претставуваше проблем затоа што сакавме Нејмар да се врати. Меѓутоа потоа се појавија други проблеми“, открива Пике.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гоче може и со десна: Гол на Пандев против Удинезе! (ВИДЕО)

Денес својот натпревар од Серија А го играат Удинезе и Џенова. Македонскиот капитен Горан …