
Селекторот на фудбалската репрезентација на Иран, Амир Галеноеи, го обвини домаќинот на Светското првенство, Соединетите Американски Држави, за неправеден третман на неговиот тим и го повика претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да спречи слични ситуации да се повторат на идни турнири.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иран уште пред почетокот на првенството мораше да ја промени базата и наместо во САД беше сместен во Тихуана, Мексико. Исто така, на репрезентацијата не ѝ беше дозволено да пристигне за првите две натпревари од групната фаза, кои се играа во близина на Лос Анџелес, порано од денот пред мечот.
Правилата беа олеснети дури пред последниот натпревар од групата против Египет во Сиетл, кога на иранската селекција му беше дозволено да пристигне два дена порано, но мораа веднаш по завршувањето на натпреварот да го напуштат градот.
По ремито со Египет (1:1), Галеноеи остро ги критикува организаторите.
„Нивното однесување кон нас беше навистина ужасно и се надевам дека целиот свет ќе биде свесен за тоа. Не ни дозволија да дојдеме две недели порано, ниту два дена порано пред секој натпревар. Сето тоа нè исцрпи и физички и психички. И покрај сите тие проблеми, како и војната низ која поминуваме, успеавме да прикажеме добри игри”, рече селекторот на Иран.