Дома Топ вести Перез одлучи: Реал на лето го доведува едно од НАЈГОЛЕМИТЕ имиња на светскиот фудбал

Перез одлучи: Реал на лето го доведува едно од НАЈГОЛЕМИТЕ имиња на светскиот фудбал

Флорентино Перез веќе со години се обидува да го доведе голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, а изгледа дека конечно успеа во намерата да го доведе на „Бернабе“.

Шпанскиот весник, „Don Balon“ пренесува дека најдобриот играч на „Црвените ѓаволи“ во последно време им се доверил на голегите од репрезентацијата, Серхио Рамос и Иско дека наскоро ќе им се придружи во Реал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Наводно Перез ќе ја примени истата тактика како Барселона за Филипе Кутињо.

Неодамнешната изјава на Кејлор Навас најави вакво сценарио: Голманот во таа прилика изјави дека нема проблем да се бори за место во тимот доколку Реал ги доведе Де Геа или Куртоа, и додаде дека подоборо би останал во Реал, отколку да се пресели во Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…