Дома Фудбал Останато Пенал драма каква што ретко се гледа: Виљареал стигна до трофејот во Лига Европа!

Пенал драма каква што ретко се гледа: Виљареал стигна до трофејот во Лига Европа!

Вечерва се играше финалето во Лигата на Европа во кое се сретнаа Виљареал и Манчестер Јунајтед.

Во едно интересно финале после 90 минути и 120 минути беше 1:1. Виљареал беше тимот кој прв стигна до водство после 30 минути игра. По едно нафрлување од слободен удар Жерар Морено најдобро се снајде во шеснаесетникот и ја смести топката во мрежата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Предноста на Виљареал беше актуелна се до 55 минута. После еден корнер настана мешаница во шеснаестникот, топката дојде до Кавани кој беше прецизен.

До крајот на регуларниот дел видовме неколку прилики и на двете страни, но резултатот не се промени па се пристапи кон изведувањето на пенали.

Во пенал серијата видовме голема драма, а повеќе среќа имаше Виљареал кој славеше со 11:10. Никој немаше промашување се до голманите. Таму Рули беше прецизен, а Де Геа промаши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Што ќе биде со најпознатиот навивач на Јунајтед кога „црвените ѓаволи“ ќе врзат пет победи во низа? (Видео)

Неверојатно познатиот навивач на Манчестер Јунајтед, Франк Илет, откри дека има планови да…