Големиот бразилски талент Алесандре Пато ова лето се врати во Европа и го облече дресот на Виљареал, но после само 6 месеци би можел да ја промени средината.
Пато комплетно се рехабилитираше од повредите кои го мачеа во минатото и пружа одлични партии во Виљареал, но медиумите пренесуваат дека најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Турција.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
За него сериозен интерес покажува Галатасарај, а турските медиуми тврдат дека преговороте се во напредна фаза и дека трансферот е пред реализација.
Наводно Пато прифатил да се пресели во Турција бидејќи Галатсарај му нуди многу повисока плата од онаа која моментално ја заработува во Виљареал.