Дома Трансфер зона Парма го враќа Жервињо во Серија А

Парма го враќа Жервињо во Серија А

Денес се затвара трансфер пазарот во Италија, а тамошните медиуми пренесуваат дека Парма е пред комплетирање на големо засилување.

Имено, напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Жервињо денес треба и официјално да стане нов член на Парма.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Жервињо во моментов е член на кинески Хебеи, но сака да го раскине договорот и да се врати во Европа, па веќе се договори со Парма.

Жервињо, наводно, се договорил за тригодишна соработка со повратникот во Серија А, Парма, а денеска треба да има лекарски прегледи и да потпише договор.

Ова за 31-годишниот напаѓач ќе биде враќање во Серија А каде од 2013 до 2016 играше за Рома и во тој период постигна 17 огла на 71 меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Винисиус одбил да потпише нов договор

Винисиус ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му пон…