Дома Македонски спорт Пандев: Прво сеќавање на дербито со Милан ми е голот од слободен

Пандев: Прво сеќавање на дербито со Милан ми е голот од слободен

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев добива овации каде и да се појави на „Чизмата“,, а изминативе неколку недели беше пречекуван со овации на „Џузепе Меаца“ и „Мараси“ во Џенова.

Денеска Пандев е во Милано каде што друштво ќе му прави американскиот милијардер Крис Гарднер кој е во Италија поради активностите со „Брера Холдинг“, компанијата која откупи 90% од акциите на Академија Пандев.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред полуфиналето Пандев беше гостин во „Скај Италија“ и се потсети на историската триплета во 2010 година.

„Ме аплаудираат и ме сакаат секаде? Тоа е така затоа што секаде каде што играв давав се од себе. Нормално е некогаш да не успеете, но секогаш треба да се обидувате да давате се од себе. И на теренот давав се. Прво сеќавање на дербито секако ми е кога дадов гол од слободен удар и победивме со 2:0 со десетмина играчи“, изјави Пандев.

Пандев лани во септември објави крај на кариерата по две децении на Апенините каде што првпат дојде како младинец од Беласица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…